Спасовски : Денес е значаен 40 годишен јубилеј од единицата Тигар која согласно критериумите на НАТО и ЕУ ја промовираме во Специјална антитерористичка единица – Тигар

0
791

Денеска одбележуваме еден многу значаен јубилеј, а тоа е четири децениско постоење на единицата; и втората, фактот дека како резултат на нашите заеднички реформски напори за сеопфатно техничко, материјално, професионално и организациско унапредување на министерството за внатрешни работи и негово вредносно стандардизирање согласно критериумите на НАТО и ЕУ, ја промовираме единицата во Специјална антитерористичка единица – Тигар, назив што сосема соодветствува со новата структурно-концепциска надградба на оваа полициска организациона единица.

Тоа пак, без никаква дилема, може да го оцениме како логичен епилог на еден системски, динамичен, професионален четириесетгодишен раст и развој на единицата, во кој што бројни генерации нејзини припадници, без оглед на турбулентноста на времињата, оставија силен и неизбришлив печат во создавањето на богатото и успешно професионално портфолио исполнето со бројни ангажмани, со самопрегор, со жртви, во името на примарната и основна полициска задача – заштитата и безбедност на сите граѓани, но и на мирот и општествениот поредок на нашата држава.

И, секако, тоа е епилог и од нашите заеднички неколкугодишни напори преку конкретни активности и инвестирање во драстично подобрување на материјално-техничките, професионални и организациски капацитети на единицата, да ја сообразиме – како со потребите на министерството, така и кон потребите и предизвиците на новите околности и трендови што влијаат врз егзистирањето и развојот на модерните демократски општества во Европа и во светот.

Во свое име, во име на раководството на Министерството за внатрешни работи, ви го честитам четири децениското постоење на сите сегашни и поранешни припадници на од денес – Специјалната антитерористичка единица-Тигар, и притоа ви посакувам успех како на професионален така и на личен план.
Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.