НАМЕСТО ДА ГО ГОНИ КРИМИНАЛОТ НА КАМЧЕВ, ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА УБК ГОРАН НИКОЛОВСКИ – ЏОНИ ЖИВЕЕ КАКО КИРАЏИЈА ВО КУЌАТА НА АДВОКАТОТ НА ОРЦЕ КАМЧЕВ И ЈАДЕ И ПИЕ СО НИВ?!

0
8114

🎯 “КИРАЏИСКИ ПРИКАЗНИ!?”

📌 Како што најавив, од денес во следните неколку дена ќе објавам една вистинита приказна, со вистински актери – случај кој „не успеа“ да стане дел од парламентарен надзор, а беше исто толку надежен и аргументиран како и приказната за „пензионерот“ и неговите привилегии „по сила на Мијалков“, супер лудото „правно“ образложение како „тази дупка не е дупка“ и сл.

👉И додека, кај некој сеуште постои дилема „Зошто сум се распишувала?“, сакам да потсетам дека, СИТЕ ПИШУВАЊА (објавени документи, пријави до надлежни институции итн), кои сега ги гледате јавно, а биле зборувани од моја страна, исто така јавно, НЕ СЕ ОД ВЧЕРА и НЕ СЕ ОД ДЕНЕС.

‼️Како совесен граѓанин, професор и пратеник тие се на увид и натамошно постапување пред надлежните институции. Тоа што до денес, за многу од нив нема институционален одговор, или пак, има супер луди „правни“ образложенија кои не гледаат и озаконуваат криминал, мене како подносител/примател на сите овие информации/документи од укажувачи не ми останува ништо друго, туку јавно да ги обелоденам, односно да направам и јавно пријавување, ако хартијата не е доволна за да се постапува ПО СИЛА НА ЗАКОН.‼️

До завршување на мојот пратенички мандат, ќе ги објавам сите случаи за кои дознав како член на Комисијата за надзор над работата на УБК и АР.

📌 Оваа вистинита приказна, со вистински ликови ја насловив „Кираџиски приказни“, од причина што МОЖЕБИ токму кираџиските односи на актерите во приказната и нивните меѓусебни блиски/некакви релации, допираат ДО СУШТИНАТА на повеќе неодговорени прашања кои јавно ги поставував изминатиот период и кои (за жал), „не беа доволно сензационални“ да станат прашања за истражувачкото новинарство. Одговор зошто тоа е така, од оваа временска дистанца е повеќе од јасно. Но, да оставиме приказната да добие расплет.

Се почна вака:

⏳ Додека „завршуваше“ парламентарниот надзор за статусот на Сиљан Аврамовски во периодот пред и по, „вистинското пензионирање“ и додека се загреваше „трката“ за директор на Агенцијата за национална безбедност (поранешна УБК), од анонимен доставувач/укажувач во Собранието 📌до мене како член на Комисијата за надзор над работата на УБК и АР, во жолто плико А4 формат и дознака „За пратеничката Фросина Ременски“ добив неколку документи со образложение.

‼️ Од природата на документите и од консултации во врска со нив, а подоцна и од слична јавна објава на социјална мрежа Фејсбук, сметам дека и 📌ДКСК има законска надлежност да постапува по вакви и слични сознанија кои упатуваат на сомнежи за можна корупција и судир на интереси на лице кое било избрано/именувано од Владата на РСМ за вршител на должност – Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање г-нот Горан Николовски викан Џони.‼️

⏳ По извршени консултации во врска со документацијата и потврдата на нивната вистинитост, поучена од претходниот надзор во врска со друго високо позиционирано лице во УБК, одлучив до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) како надлежен орган да поднесам
📌Пријава за Горан Николовски – Џони, 👉за сомневања за неисполнување на обврските од Законот за спречување на корупција и судир на интереси на избрано/именувано лице и сомневања за корупција и судир на интереси👈.

🎯 ДИГРЕСИЈА: Сакам да напоменам дека, во тој временски период (од дознавање, до пријава) во јавноста не беа познати јавно изнесените сознанија за улогата на Директорот на УБК Горан Николовски во случајот Рекет и не беа познати сведочењата на брачниот пар Орце и Ана Камчеви во врска со случајот Рекет.

Оваа напомена ја должам од причина што, логичните прашања што јавно ги поставив по сведочењата на Камчеви, ставени во контекст на оваа вистинита приказна за „кираџиските релации“ и нивното можно влијание во истрагите за Рекет, ја отвараат третата димензија на случајот и постапувањето на институциите.⁉️

👉 Заради почитување на одредбите од Законот за заштита на личните податоци, делот од документацијата во која се содржани лични податоци (адреса на живеење, матичен број, број на лична карта), нема да ги објавам експлицитно, туку ќе ги интерпретирам.

👉Исто така, напоменувам дека, сите податоци наведени во Пријавата пред ДКСК 📍СЕ ПОТВРДЕНИ од страна на ДКСК, за што бев информирана на работниот состанок оддржан на 04.03.2020 година во врска и со оваа пријава.

📍 Во пријавата до ДКСК сум напишала дека: 👉„Бидејќи предметното прашање е дел од надлежноста на Комисијата за надзор врз работата на УБК и АР и правото на постапување на пратениците, како член пристапувам кон информирање/запознавање на ДКСК како надлежен орган, за следново:“👈‼️

⏳ Владата на РСМ на седница оддржана на 👉16 јуни 2017 година го избрала Горан Никловски на позицијата Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи.
На 👉17.07.2019 година во медиумите е пренесена вест дека: „Горан Николовски, директор на УБК и неговиот заменик Ариф Асани се на листата за разрешување предложена денеска од Владата. Нивното разрешување доаѓа.

Фејсбук статус на професорката Фросина Ременски.