Забрчанец: Владата предводена од СДСМ успеа пропагандата да ја претвори во транспарентност

0
1026

На вечерашната програмска трибина на СДСМ „Агенда 20 – 24 – Отворена Власт” националниот коодинатор за стратегиски комуникации во Владата на Република Северна Македонија, Марјан Забрчанец истакна дека во изминатите две и пол година преку Владата како централна извршна институција успеа да ги демократизира институциите.

“Институциите да ги опслужуваат граѓаните, наместо да ги злоупотребуваат, пропагандата ја претворивме во транспарентност” рече Забрчанец. Напоменувајќи дека ние сме прва држава во регионот која има акциски план за справување со дезинформации.

Забрчанец истакна дека нашата држава е лидер за трансперентност во рехионот, но додаде дека со сигурност може повеќе и подобро. Но, она што мора да го имаме предвид е дека сите потврдуваат дека живееме слобода, „Прашајте го таксистот, пазарџијата, административецот – сите потврдуваат дека живееме во Слобода“.

На вечерашната трибина чијшто модератор е Забрчанец, говорници се Роберт Поповски, министер за комуникации, транспарентност и отчетност, ВРСМ, Коста Петров, потпретседател на СДСМ,   Снежана Трпевска, од Институтот РЕСИС –  комуниколог  истражувач, Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис и Драган Антоновски, МИА.