(ВИДЕО) Земјотрес додека се снимаше „Се или нешто“, Лила ја смируваше публиката

0
2007

Вечерва додека се снимаше новата сезона од култниот квиз на ТВ Сител „Се или нешто“ се случи земјотресот кој точно во 19.53 часот го погоди Скопје.

Благодарение на професионалзимот на водителката Лила Филиповски не настана паника во студиото, и ниту учесниците ниту публиката не станаа од своите места, постапувајќи според препораките од сеизмолозите дека во вакви ситуации треба да се остане смирен додека трае потресот.

Квизот по земјотресот продолжи да се снима без никакви проблеми.