МУЦУНСКИ : МИЦКОСКИ ЌЕ ГИ ОДБЕРЕ КАДРИТЕ КОИ ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА, ЏАФЕРИ НЕМА ДА БИДЕ ПОДДРЖАН ОД ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ

0
307

Тимчо Муцунски – потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва изјави дека на вечерашната седница на ИК на партијата се донеле 5 клучни одлуки за изборниот процес.

„ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да учествува во техничката влада, што би значело именување на лица кои согласно законот за техничка влада треба да бидат на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. За таа цел очекуваме и ЦК да донесе одлука со која што ќе се овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да ги одбере лицата кои ќе бидат дел од техничката влада“ рече Муцунски.

Тој напомена дека „ИК на ВМРО-ДПМНЕ зазема став да се воздржи од гласањето на техничката влада, која под водство на Талат Џафери од ДУИ, нема никаков легитимитет, истата е само коалициски договор помеѓу СДС и ДУИ“.

„ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги изгласа Делегатите за Конвенцијата за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија. Согласно критериумите преку кои се бираат и застапеноста на структурата на партијата, Делегати на Конвенцијата ќе бидат вкупно 475 лица“ порача тој.

Муцински рече и дека Извршниот комитет на партијата „донесе одлука за поднесување на иницијатива до Уставниот суд која е поврзана со законите поврзани со промената на личните документи. Оваа состојба е голем срам за државата, за Спасовски и Ковачевски кои директно се виновни за фактот што под примитивни услови и на ваков недостоинствен начин се обезбедуваат личните документи“.

„Со овие одлуки ВМРО-ДПМНЕ е комплетно подготвена за изборниот процес кој следува“ вели Муцунски.