И пратениците од ДПМНЕ му ја притегнаа јамката на Грујо: Едногласно изгласан Законот за специјален обвинител!

0
1956

glasanje_2

Пред малку Собранието го изгласа Законот за специјален обвинител. Сите присутни, 111 пратеници гласаа „за“, немаше „против“, јавува Телма.

Следно според процедурата е пратениците на одржат нова седница со единствена точка на дневен ред избор на специјален јавен обвинител.

Предлогот е Катица Јанева, која работи како предавач на Академијата за судии и јавни обвинители на РМ.

Гласањето ќе се одвива по Бантеров принцип. За собранискиот предлог ќе се изјаснат и членовите на Советот на обвинители.