МТСП – ТРЕНЧЕВСКА : ПАУШАЛНИ СЕ ИЗЈАВИТЕ НА ХРИСТИНА ТРПЧЕСКА ОД ДПМНЕ

0
281

Паушалните изјави на Христина Трпческа од ДПМНЕ покажуваат продолжување на популистичкиот пристап и основно непознавање на реалните состојби во системот на предучилишно образование. Нефункционалноста на институциите и на системот на предучилишно образование е карактеристика на владеењето на ДПМНЕ.

Носење на Закони исклучиво за задоволување на лични и партиски интереси е нешто за кое сите ние бевме сведоци во периодот 2006 -2016 година додека ДПМНЕ  владееше со државата.

Опструкциите, сеењето на страв, заплашување, дисциплински одговорности е нешто кое го почувствувал секој вработен во јавниот сектор, а се враќа и денес преку однесувањето на времениот кабинет на техничкиот министер од ДПМНЕ во Министерството за труд  и социјална политика.

Да ја потсетиме јавноста, а воедно и Трпческа да биде точно информирана за да сопре со ширењето на дезинформации, укажуваме дека во периодот градинки  за 2018 и 2019 година не се вработени 50, туку 1980 нови стручни лица во градинките. А во 2022 година и 2023 година се вработени 900 лица.

За разлика од времето на ДПМНЕ кога вработувањата беа исклучиво на определено време, што беше алатка да се држат под уцена за политички цели , сите претходно споменати вработувања се на неопределено време. Тоа е системскиот пристап на вложување во предучилишната заштита кој е карактеристичен за Министерството за труд и социјална политика во времето на министерката Тренчевска, далеку од популистичко и за политички цели владеење и постапување.

Во однос на лиценцирањето , небулозите кои ги изјавува Трпческа , добро е да ја информираме дека во 2020 и 2021 година , државата и светот глобално беа соочени со пандемијата на КОВИД 19.
Во тој период поради почитувањето на мерките не се спроведуваше испитот за стекнување на лиценца за негователи и воспитувачи.

Во 2022 и 2023 година се лиценцирани вкупно 740 лица кои стојат на располагање на пазарот на труд за вработување во установите за предучилишно образование.

Во тек е тендерската постапка за јавна набавка за софтвер за електронско полагање која ја спроведува Министерството за информатичко општество и администрација. Затоа укажуваме на Трпческа пред да излезе со изјави да се информира кој е одговорен за софтверот за стекнување на лиценци во државата. Очигледно важни им се ширењето на лаги и дезинформации во круг, отколку реално информирање на јавноста.

Факт е дека никогаш не било подобро и факт е дека народот уште се сеќава на тортурата во која живеше во една деценија владеење на ДПМНЕ.

Правилното информирање на граѓаните е во интерес на сите, но очигледно мантрата  и насоките од Белата палата се единствено нешто кое го слушнавме во изјавата на почитуваната Трпческа.

Со почит,

Кабинет на дополнителна заменичка министерка за труд и социјална политика,

Јованка Тренчевска