ТАЛЕВСКИ : НАСПРОТИ НЕСПОСОБНОСТА НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВО ПРИЛЕП, ВЛАДАТА НА СДСМ ГРАДИ И ИНВЕСТИРА ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ

0
650

Носител на прес-конференција: Миле Талевски– Пратеник во Собрание на РСМ

Почитувани,

Наспроти неспособноста, безидејноста и неработењето на градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, централната власт предводена од СДСМ продолжува да инвестира во проекти кои носат добробит за граѓаните од сите делови на нашата општина.

Со реконструкцијата на патот за Мариово, потврдуваме дека стоиме на дадаениот збор за повторно заживување на Мариовскиот регион.

За првата фаза од овој проект, односно за рехабилитацијата на патот на потегот од селото Штавица до селото Крушејца, каде беше поставен нов слој на асфалт во должина од 9 километри, Владата на СДСМ издвои 650.000 евра.

Во втората фаза од реконструкцијата на патот, чија реализација неодамна заврши, со нов асфалт реконструирани се 6 километри на потегот од Ново – Лагово до Витолишта, инвестиција од околу 500.000 евра.

За прв пат откако пред четириесетина години е изграден патот за Мариово, во вкупен износ од над 1 милион евра, реконструирани се 15 километри од овој патен патен правец и тоа токму од Владата на СДСМ.

За споредба, од независнота до денес, ниту една од Владите на ВМРО-ДПМНЕ, не инвестираше ниту еден денар во мариовскиот крај. Токму во тоа е разликата помеѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ, односно разликата помеѓу празна реторика и вистински дела.

Како уште една потврда на тоа, најавувам дека наскоро продолжуваме со реализација на овој капитален инфраструктурен проект. Продолжува рехабилитацијата на најоштетенените делови од патот, со што во целост го исполнуваме главното барање на сите оние кои живеат и транзитираат во мариовскиот регион.

Дополнително, најавувам дека идната недела започуваат градежните работи за реконструкција на околу 6 километри од патниот правец Ново Лагово – Бучин, за кок се издвоени околу 400.000 евра.

Почитувани сограѓани,

Разликата помеѓу владеењето на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е видлива на секој чекор.

Градоначалникот Јовчески и неговите раководители на јавните комунални претпријатија, секојдневно влегуваат во нови скандали, ги зголемуваат цените на услугите кон граѓаните и немаат ниту една нова инвестиција во интерес на градот.

Владата на СДСМ, продолжува да ги враќа парите назад кон граѓаните и реализира проекти за сите прилепчани.