МНР : ДВАЈЦА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЕВАКУИРАНИ ВО КАМП ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО МАРОКО

0
307

Министерството за надворешни работи изразува сочувство за жртвите од катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко со епицентар во провинцијата Ал Хауз, југозападно од Маракеш.

Од МНР информираат дека нашето Дипломатско конзуларно претставништва во Каиро е во комуникација со надлежните институции во Мароко, за евентуални наши државјани во погодените региони и потреба за евакуација.

„Во нашето Дипломатско конзуларно претставништво во Каиро досега се пријавени само двајца наши државјани, кои се евакуирани и моментално се во камп во Маракеш, во добра состојба и утре вечер патуваат за Мадрид“, се наведува во соопштението од МНР.

Расте бројот на жртви – Над 820 загинати во земјотресот во Мароко

Од МНР ги повикуваат сите државјани на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро.

Најмалку 1.037 луѓе загинаа во силниот земјотрес што го погоди централниот дел на Мароко доцна на 8 септември, по локално време, според најновите податоци на мароканското Министерство за внатрешни работи.

Министерството за внатрешни работи на Мароко, исто така, соопшти дека најмалку 1.204 лица се повредени во земјотресот, од кои 721 се во критична состојба.