АХМЕТИ – СРЕДБАТА БЕШЕ КОНСТРУКТИВНА, РАЗЛИКИ ИМАМЕ, ДОМИНИРАШЕ РАЦИОНАЛНОСТА И СМИРЕНОСТА, САКАМ ТОА ДА ПРОДОЛЖИ ДА СЕ НАДМИНАТ РАЗЛИКИТЕ

0
340

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети по завршувањето на лидерската средба во Собранието рече дека е задоволен од конструктивноста на лидерите.

– Разлики имаше но беше конструктивна. Се надевам дека ќе продолжиме со овие средби за да се гради заедничка стратегија за да ја промениме денешницата. Доминираше рационалноста и смиреноста, сакам тоа да продолжи да се надминат разликите. Упатив апел да се вратиме на разумот. Ако се отворат прашања од минатото ќе не спречат да одиме кон иднината. Ние сме тие кои бараме членство во ЕУ. Приоритет се даде на уставните измени – рече Ахмети по лидерската средба во Собранието која ја иницираше премиерот Ковачевски, а ја прифатија речиси сите политички партии.

На лидерската се дискутираше за европската иднина на Македонија и за потребата од политички и општествен консензус за уставни промени кои се услов за преговорите со ЕУ.

На средбата присуствуваа претседателот на Собранието, Талат Џафери, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, на ДУИ, Али Ахмети, како и сите лидери на помалите политички партии, освен лидерот на Левица, Димитар Апасиев и претседателот на Движењето Беса.