МЛАДИТЕ НЕ ИМ ВЕРУВААТ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ И НЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА МЛАДИ ВО СОБРАНИЕТО ПОКАЖА АНКЕТАТА НАПРАВЕНА ОД СТУДИИТЕ НА АУЕ – ФОН

0
431

Младите во Северна Македонија не им веруваат на политичките партии и нивните програми, со исклучок на младите кои се ангажирани во партиските подмладоци. Недовербата особено е изразена во сегментот на работа на младите претставници во Собранието на РСМ.  Ова е главниот заклучок од истражувањето на тема „Учество на младите во политичкиот живот во Република Северна Македонија“, кое го го спроведоа студентите од Факултетот за правни и политички науки при Американскиот универзитет на Европа – ФОН.Анкетата која имаше за цел да се истражи партиципативноста кај младите се реализираше од 15 октомври до 15 ноември 2022 година, при што беа спроведени вкупно 1175 анкетни прашалници, од кои 525 се одговорени по електронски пат, а останатите преку физички пристап.

Во групата испитаници беа вклучени студенти од сите високообразовни институции во државата, како и најголем дел од општините, при што најголем одзив имаше во скопскиот регион каде се наоѓаат најголемите универзитети во државата. Освен студентите, во анкетата беа вклучени и средношколци, како и млади вработени и невработени лица, на возраст од 15 до 29 години.Резултатите од анкетата која ја реализираа студентите од Факултетот за правни и политички науки при АУЕ – ФОН покажуваат голема недоверба која младите ја имаат во политичките партии и нивните предизборни програми, посебно во контекст на младите и младинските политики. Загрижувачки 74 отсто од испитаниците на прашањето „Дали верувате во предизборните програми на политичките партии во сегментот на младински политики?“ се изјасниле со „не“. Според резултатите од истражувањето, во процесот на создавање на самите програми на политичките партии, само 20 отсто од младите испитаници се нашле во улога на креатори или контрибутори, додека останатите воопшто не учествувале во процесот на креирање на политиките за млади.

Во контекст на убеденоста на младите дека нивното учество може да има позитивно влијание во политичкиот живот мислењата се поделени. Мнозинството, односно 54 отсто од  младите луѓе сметаат дека нивното учество нема да има никакво влијание во политичкиот живот. Овој став на младите ни покажува крајна апатичност која е поразителна за државата, со огед на улогата која младите ја имаат во општествените процеси на демократизација.Ставовите пак околу влијателноста на политичката определба врз статусот на индивидуата е поделено. Имено 51 отсто од испитанците сè на ставот кој ја потврдува оваа теза. Од одговорите како најчести области врз кои политичката определеност има најголемо влијание се издвојуваат: работата и работниот однос, процесот на вработување како резултат на клиентализам, пристапноста до здравство и општо социјален статус или генерално подобри услови за живот.

Анкетата бележи и силно незадоволство од страна на младите за работата на претставниците за млади во Собранието на РСМ, односно дури 80% од испитаниците се изразиле со „Не“ на прашањето „Дали сте задоволни од сегашните претставници на младите во Собрабието на Република Северна Македонија?“. Оваа бројка е загрижувачка и треба да служи како основа за претставниците на младите во Собранието да преземат повеќе иницијативи кон поголема застапеност на младите, како и нивна поголема грижа за потребите и интересите на младите.Ана Наумоска, студент и демонстратор на Факултетот за правни и политички науки при АУЕ -ФОН, презентирајќи ги заклучоците од истражувањето истакна дека со цел да се задржат младите во државата, потребно е да им се даде вредност како чинители на општеството. Наумовска смета дета тоа, државата може да го направи единствено преку поголема отвореност на институциите, поголема децентрализација на процесите на одлучување и искоренување на: корупцијата, елитизмот, клиентелизмот и популизмот.

„Децениите на нетранспарентно донесување одлуки и негување на политичкиот клиентелизам и популизам, институциите затворени за граѓаните – воведоа голема доза на рамнодушност помеѓу младата популација. Држава во која младината не е ревносна за промена, е неопходно одново да ги обмисли механизмите за учество кои ги нуди, меѓутоа секако и валоризацијата на учеството и иницијативноста која доаѓа од страна на младите“, истакна Наумоска.Резултатите од анкетата на тема „Учество на младите во политичкиот живот во Република Северна Македонија“, беа презентирани на денешниот настан кој што го организираше Факултетот за правни и полички науки по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на правото. Деканката на Факултетот за правни и политички науки, проф. д-р Сејдефа Џафче, истакна дека во времиња полни со предизвици, АУЕ – ФОН останува посветен на ефикасна примена на нормите од универзален карактер поставени во темелите на Декларацијата за човекови права, обезбедувајќи највисоко ниво на почитување на правата и слободите на студентите, еднаквоста и недискриминацијата, како и подигање на свеста за важноста на младиот човек во општествените процеси.

Фокусот во изминатиот период на факултетот, според деканката Џафче, е ставен на студентите, вклучувајќи ги во разни форми и активности во насока на иницирање на студентски активизам, подигање на истражувачкиот дух, како и критички однос кон општествените збиднувања/појавите и случувањата во општеството.Покрај презентирање на резултатите од истражувањето во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден за човековите права се организираше и тркалезна маса на тема „Правото на учество е човеково право!“, на која  присуствуваа претставници од невладиниот сектор, претставници на студенски организации, активисти за човекови права, пратеници од Собранието на Република Северна Македонија, како и Маргарита Цаца Николовска, претседател на Институтот за човекови права и поранешен судија во Европскуот суд за човекови права во Стразбур. Учесниците на тркалезната маса заклучија дека ниското учество и заинтересираност на младите за политичките и општествените случувања е предизвик за сите општествени чинители и како таков, бара заедничка работа за доследна имплементација на законите, но и подобрување на соработката меѓу сите институции, образовните установи и граѓанскиот сектор со цел државата да се справи со негативните трендови кај младинското учество.