Владимир Лазаревик: „Комуњарскиот“ систем што го унапреди оваа влада многу тешко се урива

0
1413

Бившиот заменик-министер за здравство во владата на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Лазаревик од неформалната група „Амстердамска тројка“, сега дел од „Има иднина“, периодов се наметна во јавноста со своите политички, критички и приземни ставови.

lazarevik

Лазаревик во интервју за МКД.мк зборува за актуелната владејачка номенклатура, а истовремено дава своја визија за демократска Македонија, за вклучување на граѓанскиот сектор во администрацијата и за потенцијалните реформи во здравството. Исто така, го појаснува и својот удел во интернет-медиумот „Кирилица“.

Периодов активно ги критикувавте политиките на владејачката номенклатура, особено по објавените „бомби“ на опозицијата. Што се случи со оној Лазаревик кого во 2006-та Груевски го покани да му биде советник за реформи во здравството, а девет години подоцна стана негов критичар?

Знаете како, јас Никола секогаш сум го критикувал. Тоа беше така уште во самите почетоци од нашата соработка. Јас не сум човек што знае да премолчи, и ако има нешто со кое не се согласувам, јас го кажувам. Се разбира, моите ставови не секогаш ги кажував во јавноста, но немаше состанок со Никола на кој јас не сум имал свое мислење. Со Никола имав многу средби, многу состаноци, седници на Влада, каде што јас отворено не се согласував со неговите предлози. Тој често знаеше и да се пошегува, во смисла, откако сите ќе се согласат со неговото мислење, ќе се сврти накај мене и ќе ми каже, „ајде Владо сега ти удри една контра“. И јас нормално, ќе удрам контра на тоа што секогаш сум го сметал како нереaлно и неостварливо. Така што, во принцип, јас не мислам дека многу сум се променил, туку она што го мислам е дека Никола целосно се загуби во времето и просторот пред сè поради тоа што загуби блиски луѓе околу себе, луѓе што беа спремни да не се согласуваат со неговото мислење. Кога ќе ги елиминирате добронамерните критичари во својот близок круг, неминовно е да ви се случи ова што последните месеци како во лош хорор-филм им се случува на Никола и другарите.

Целото интервју може да го прочитате ОВДЕ