МИЦКОСКИ СО КОМЕНТАР ЗА ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ КОЈ ГО НАЈАВУВА СДС – ДУИ, ТАМУ ЛЕПАКОТ Е КРИМИНАЛОТ И ПАРИТЕ, НЕМА НИШТО ЕВРОПСКО

0
338

На денешната  конференција во организација на Паневропската унија на Македонија во хотел DoubleTree by Hilton Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата на СДСМ за можна коалиција со ДУИ наречена европски фронт истакна дека тоа е криминална коалиција која во алузија и дефокус се нарекува европска коалиција а единствен заеднички интерес им е да го осиромашуваат и пљачкаат народот.

„Видете да бидеме реални треба на вистината да и погледнеме во очи тоа е криминална коалиција која што себеси во алузија и во обид за дефокус се брендира како европска коалиција, таму нема ништо европско освен тоа што можеби заеднички се договараат како да го осиромашуваат и пљачкаат народот во државата тоа е интересот кој што ги спојува тие политички структури а се надевам дека и да бидам попрецизен сигурен сум дека после овие избори таа опција ќе биде жестоко поразена, ќе можат да поминат еден четири годишен мандат во опозиција, ќе може да се реформираат со нови луѓе со нови политики, со нови идеи и после четири години да се појават на парламентарните избори и ќе понудат нешто поконкретно и поконкурентно така што ако гледаме себично од политички причини јас ги охрабрувам час поскоро да ја формираат таа коалиција, уште утре ако може, но ако гледам како граѓанин на оваа држава, како педагог,професор кој што секојдневно ги образува студентите на факултетот каде што предавам тогаш ценам дека граѓаните на 8 мај или претходно на 24 април ќе бидат многу јасни и гласни позади гласачките кутии“ истакна Мицкоски.