МИЦКОСКИ ОТКРИ ДЕКА ИМА ДОГОВОР СО СДСМ И ДУИ : ТИЕ ДЕНЕСКА ВО СОБРАНИЕ ИМ ДАДОА НА ОПШТИНИТЕ 50 МИЛИОНИ ЕВРА КОИ СЕ ПОД НАША ВЛАСТ, И ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА БЛОКИРА КЛУЧНИ ЗАКОНИ ЗА ВЛАДАТА

0
817

Мицкоски: Морам да го пофалам владејачкото мнозинство за денешната одлука за општините

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ 21 зборувајќи за нивните следни чекори, го пофали мнозинството во Собранието кое денеска поддржа помош за општините.

-Денеска морам да го пофалам владејачкото мнзинство кое изгласа 50 милиони евра да им се стават на располагање на општините на водовод и канализација. Иако мнозинството од општините се раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Тука не треба да има политиканство. Исто така, и ние не планираме да блокираме закони кои се во интерес на граѓаните, рече Мицкоски.

Тој уште еднаш во повтори ставот дека блокадата на Собранието ќе продолжи, но не на оние закони кои треба да им помогнат на граѓаните.