МИЦКОСКИ ВО КЛИК ПЛУС ЈА СПУШТА ТОПКАТА И ЈА ПОФАЛИ ДАНЕЛА : НЕ СМЕ ВО ВОЈНА СО АРСОВСКА, НЕЈЗИНАТА ПРОГРАМА БЕШЕ ПРЕКРАСНА ЗАТОА ЈА ПОДДРЖАВМЕ

0
890

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ 21 не сакаше многу да зборува за денешниот напад од страна на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

-Не можам јас да дадам одговор што значеше тоа шпицен градоначалник. Претврдо е да се каже дека е објавена војна. Таа ја има својата програма за Скопје, концепт зад кои ние застанавме. И денеска да ја имам таа програма на маса, и денеска ќе ја поддржам.

Непријатно е да давам одговор зошто така ме нападна. Таа ќе ви даде одговор.

На ова новинарот му рече дека тие се обиделе да стапат во контакт со Арсовска за и таа да се вклучи во емисијата, но не можеле да стигнат до неа. Му предложи на Мицкоски дека се отворени да реализираат дебата помеѓу него и Арсовска.
На ова Мицкоски одговори:

-Можеби за таква дебата посоодветен би бил некој од советниците или претседавачот на Советот. Не дека јас одбивам дуел, туку за да имате подобра емисија. Јас сепак детално не сум запознаен со проектите во Градот.