МИЦКОСКИ ОД ЖЕНЕВА : ВЛАДАТА ВО ИДНИНА ЌЕ НАПРАВИ КООРДИНАТИВНО ТЕЛО ПОМЕЃУ ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ДИЈАСПОРАТА КОИ ЌЕ ОДЛУЧАТ ДА СЕ ВРАТАТ ВО МАКЕДОНИЈА

0
254

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната изјава од Женева, Швајцарија беше прашан за тоа како би влијаело доколку се формира Министерство за дијаспора во однос на економскиот развој на Македонија, во однос на соработката помеѓу Македонците во Македонија и Македонците кои се надвор? И тој речe:

„Имаше таков предлог и барање од страна на луѓето кои беа денешни наши соговорници, претставниците на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Од наша страна беше објаснето дека станува збор за системски закон и дека за тој закон се потребни 80 пратеника односно 2/3 кои би го поддржале тоа системско решение, но доколку не успееме да обезбедиме 80 пратеника или 2/3 од страна на потпретседателот Николоски беше презентирана идејата за формирање на пошироко координативно тело кое би го опфатило МВР, МОН, МНР во форма на координатор на проектот, Агенцијата за иселеништво, МТСП бидејќи се повеќе пензионери од дијаспората се враќаат во Македонија и тоа е едно координативно тело да биде местото каде би се собирале потребите и тоа координативно тело би давало одговор и би ги спроведувало сите оние барања кои доаѓаат од дијаспората на еден подинамичен начин“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Женева по состанокот со задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање.

Тој продолжи и додаде дека министерствата би биле многу подинамични отколку да има една Агенција или Министерство.

„Сепак министерствата би биле многу подинамични отколку да имаме една Агенција или Министерство кое во суштина ги нема тие ингеренции бидејќи овие министерства ги имаат тие ингеренции кои ги содржат потребите на нашинците во Дијаспората.“, заклучи Мицкоски.