ШОКАНТНО ПРИЗНАНИЕ НА ЗАЕВ: Во овој период многу тајкуни и олигарси се обидоа да донираат црни пари во СДСМ со цел да се искупат за своите криминали, сите ги одбив!

0
1196

zaev pres vizija

На денешниот прес по повод новата партиска програма насловена Визијата за Македонија, лидерот на СДСМ на новинарско прашање дали бизнисмените се охрабруваат и почнуваат да го помагаат СДСМ, изјави дека изминатиов период добил многу непристојни понуди од разни тајкуни и олигарси да донираат црни пари на рака и да го помогнат СДСМ со цел да се искупат за некои свои злодела и криминали, но Заев сите ги одбил!

Тој ги повика бизнисмените да ја помогнат опозицијата и да донираат легално, но сепак тие како опозиција издржале веќе десет години и најтешкиот период веќе е зад нив и нема во последен момент да се продадат на некој олигарх за да потоа му должат некаква услуга. Заев кажа дека СДСМ се финансира од чланарина на членството и од донации на фирмите на семејството Заеви.