МИЦКОСКИ : ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ ДО ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА ШТО СЕ ДОНЕСЕ ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК И НАД 100 ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ СЕГА ЌЕ МОЖАТ СЛОБОДНО ДА ИЗЛЕЗАТ НА ИЗБОРИ И ДА ГЛАСААТ

0
175

При денешната посета на Виена претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изборите и тоа што постоеше можност околу 100 илјади граѓани да не гласаат воопшто бидејќи имаат не важечки документи истакна дека на иницијатива на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и претходните предупредувања на министерот Тошковски се донесе изборниот законик и на 100 илјади граѓани им се овозможи уставно гарантираното право да гласаат на парламентарните и претседателските избори.

„Најпрво дозволете да го изразам моето задоволство што конечно нешто што можеше да биде проблем во изборниот процес нема да биде проблем, и тоа огромна благодарност на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во рамките на парламентот што жестоко се бореше изминатите недели и месеци би рекол за да можеме да дојдеме до оваа ситуација во која што дојдовме, да се усвои изборниот законик, а со усвојувањето на изборниот законик практично на сите оние граѓани во Македонија кои што немаат нови документи да имаат можност на следните парламентарни и претседателски избори, да учествуваат, впрочем тоа е и основното уставно право, дека секој граѓанин на Македонија секој оној кој што е државјанин на Македонија има уставно загарантирано право да учествува во изборен процес.

Огромна честитка и благодарност до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и сега сите оние 100 илјади граѓани за кои што министерот Тошковски претходно предупреди сега ќе можат слободно да излезат на избори и на еден слободен начин да ја изразат својата волја, нема да зборувам за опструкциите кои што се случуваа за време на тие преговори од страна на коалицијата СДСМ и ДУИ тоа ќе го оставам во некои други времиња, а сега да гледаме позитивно на сето ова, да се бориме за Македонија секаде каде што можеме, нив да ги оставиме во нивната темна, мрачна, црна, ад хомине кампања, а ние да направиме нешто што можеме повеќе само за да Македонија може да има една светла иднина, предвидлива иднина и перспектива за младите луѓе“, нагласи Мицкоски.