МИЦКОСКИ : НУДИМЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ КОИ ИМААТ ОБВРСКА ДА ОБЕЗБЕДАТ КРЕДИБИЛЕН ИЗБОРЕН ПРОЦЕС И ЈАСНО ПОЧИТУВАЊЕ НА ВОЛЈАТА НА ГРАЃАНИТЕ, ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГО ПОБЕДИ СДСМ И ЈАСТРЕБИТЕ КОИ ГЛУМАТ ОПОЗИЦИЈА НА ОПОЗИЦИЈАТА

0
174

Овој настан беше потребен за да зборуваме отворено за некои работи и предизвици кои што не чекаат во периодот кој што следи. Би сакал она што сакам да го кажам да го започнам со една работа која ја читав во текот на вчерашниот ден и утрово, а тоа е онаа ново формирана коалиција, барем во јавните гласила и на јавна сцена, а  тоа е коалицијата Зечевиќ, Маричиќ, Груби, Османи заедно со јастребите кои што треба да нанесат штета на антивладиот глас во Македонија, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата Важно е Платформа за иднина, насловена Важно е да имаме фер избори.

Претседателот Мицкоски нагласи дека СДСМ, Зечевиќ, Маричиќ, Груби и Османи сакаат да го девалвираат капацитетот на петте кандидати за министри и дополнителни министри во техничката влада од ВМРО-ДПМНЕ, укажувајќи дека сите тие заедно немаат половина од тоа што го имаат овие кандидати поединечно како сопствена биографија или нешто што направиле за Македонија, иако 6ипол години се министри во владата.

Ги читам нивните сега соопштенија каде што ги девалвираат капацитетите на овие 5 луѓе кои се овде до мене. Но, на тој начин тие сакаат да ја девалвираат практично целокупната коалиција која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е вистинската антивладина коалиција. Тоа е коалиција која се бори против Зечевиќ, Маричиќ, Груби, Османи, нови и стари Алтернативи и разно разни јастреби кои имаат задача да направат штета на антивладиниот глас во Македонија. Замислете за прес центарот кој што го водат Зечевиќ и Маричиќ а тоа е СДСМ, еден Артан Груби и Бујар Османи се по прифатливи од Стефан, Цветан, Елена, Панче, Ѓоко, а сите тие заедно немаат половина од тоа што го имаат овие кандидати поединечно како сопствена биографија или нешто што направиле за Македонија, иако 6ипол години се министри во владата, рече тој и додаде:

И тоа претставува политичка неодговорност и срам, затоа што и во поразите и победите човек треба да е достоинствен. Загубија кога велеа дека ќе има разделени избори, еве немаме, туку имаме избори кои што се споени. Ние им велевме дека изборите ќе бидат во април и мај, тие велеа не, ќе биле во март, па во август, но и тука капитулираа. А главната капитулација беше оставката на Димитар Ковачевски кога тој капитулираше пред истите овие кои што една државотворна партија на почетокот на 90титет како што беше СДСМ, ја претворија во измеќар и слуга на Артан Груби, Бујар Османи, Али Ахмети и сличните како нив.

Мицкоски истакна дека власта нанела многу зло и неправди кон граѓани, како и дека поради тоа стравот е голем кај нив.

Нанесоа многу зло, направија многу неправди изминатите 6ипол години откако се влада во Македонија и тоа народот нема да им го прости и тие се свесни за тоа, и затоа стравот е посилен од нив, кажа Мицкоски.

Мицкоски изјави дека примарната цел на ВМРО-ДПМНЕ е да го консолидира антивладиниот глас се со цел да освојат 61 пратеник, а на тој начин ќе се отвори портата не за реформи, туку за трансформација на Македонија.

Нашата примарна задача ќе биде да го консолидираме антивладиниот глас како коалиција која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, антивладиниот глас мислејќи на владата која што ја предводат СДСМ и ДУИ, и овие јастреби кои што ги поддржуваат во позадина и се опозиција на опозицијата. А како ќе го направиме тоа? Тоа ќе го направиме така што ќе покажеме нешто што е поразлично од тоа што до сега било, како што тоа достоинствено го покажуваат повеќе од 42 градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ работејќи чесно, посветено без ниту еден скандал коруптивен. Тие промовираа еден поинаков начин на функционирање во кој што можеме да кажеме дека не важи правилото сите се исти. Тоа треба да го направиме овие 100 дена и јас тоа го очекувам од овие луѓе кои денеска се со мене тука, а од граѓаните очекувам да не бидат жртви на реториката на јастребите кои што се опозиција на опозицијата, да го консолидираме гласот околу коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и да освоиме 61 пратеник, а на тој начин ќе се отвори портата не за реформи, туку за трансформација на Македонија. Во еден мандат 4 плус 4 да направиме целосна трансформација на Македонија. Тоа ќе ни биде првата задача да покажеме дека не сме сите исти, да го консолидираме антивладиниот глас и таа порака да стигне што е можно поширока секаде низ Македонија, нагласи Мицкоски.

Мицкоски рече дека техничките министри и дополнителните заменици министри од ВМРО-ДПМНЕ ги очекува многу работа и предизвици.

Втора работа која што е исто така важна во сите овие ресори без разлика дали станува збор за администрацијата каде вештачки се објавуваат конкурси, и таму гледаме дека партиски војници се вработуваат, а не луѓе со компетенции, да можеме да влијаеме да го сведеме тоа во едни нормални рамки, односно доколку се потребни луѓе за вработува да се примат луѓе со знаење и вештини, компетентни. Во земјоделие ќе има големи предизвици, утрово следев дека има проблем со откупот на тутун, реколтата е преполовена, но цените се незадоволителни, земјоделците протестираат. Кај Панче во МВР не очекува голема задача и предизвик. Институцијата МВР само по себе нуди многу предизвици. Но, јас сум убеден дека како истакнат правник за кој јас лично имам огромна доверба, заедно со тимот кој ќе го состави оние 15 менувања и хоризонтални поместувања, ќе одговори на предизвиците за организирање на фер и демократки претседателски и парламентарни избори. Кај Елена во финансии ќе има големи предизвици, знаете буџетот во каква состојба е. Елена е исклучителен професионалец со повеќе од 25 години работно искуство. Позади себе има 10тици обуки од ММФ, Светска Банка итн, рече Мицкоски и додаде:

Приоритет ќе и биде тоа што досега се исплатени 14,5 милијарди денари, а з а жал ниту една шајка не е закована. 14,5 милијарди денари се 245 милиони евра на граѓаните.

Ѓоко во труд и социјална политика има долгогодишно искуство, ги поминал буквално сите скалила, и порача до граѓаните кои се корисници на услугите да не наседнуваат на оние кои ќе им пристапуваат со закани и уцени доколку не гласаат за ДУИ и СДСМ, дека ќе им се сопре услугата, бидејќи како што рече тоа нема да се случи, потенцираше тој.

На крај, Мицкоски порача дека ова се 5те луѓе професионалци од ВМРО-ДПМНЕ кои ќе бидат дел од техничката влада, а кои ќе треба да обезбедат кредибилен процес, да го одбранат гласот и волјата и народот.

Имаме тим од  5 професионалци кои убеден сум дека овие 100 дена ќе дадат се од себе за да обезбедат кредибилен процес, да го одбранат гласот и волјата и народот, а со својата работа ќе покажат и докажат дека не се сите исти, а ние на 8ми мај ќе се радуваме на нов претседател од ВМРО-ДПМНЕ и победа со мнозинство во парламентот, како коалиција која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, дециден е Мицкоски.