Аудио запис, на кој наводно се слуша гласот на шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска, вчера осамна на социјалните мрежи.
Според она што може да се чуе од разговорот, кој се претпоставува дека се води меѓу Русковска и уште едно лице, обвинителката вели дека „заборавила“ човек во притвор, а на снимката единствено можеше да се чуе името на Владимир Атанасовски. Тој беше ексдиректор на УБК, а како обвинет во делото за крвавите настани од 27 април во Собранието заработи шестгодишна казна затвор.
Во коментар за Алсат, содржината на записот ја искоментира и шефицата на Обвинителството за организиран криминал.
„Нема шанса некој да биде „заборавен“ во притвор, затоа постојат заштитни механизми. Ако сум рекла „заборавен“, тоа е фигуративно кажано“, рече Вилма Русковска – обвинителка.
Инаку, снимката која циркулира на социјалните мрежи беше објавена вчеравечер на твитер профилот „Правда за сите во Македонија“, а автентичноста засега не е потврдена. Разговорот трае повеќе од една минута, а гласот на соговорникот е обработен.
Скандалозна аудио снимка на Вилма Рускоска: Намерно го заборавив!
Македонците нека ја слушнат оваа аудио снимка да знаат со кого си имаат работа.
Рускоска намерно држи луѓе во притвор, во затвор. pic.twitter.com/RR6S7m3JrN
— Pravda za site vo Makedonija (@pravda_vo_mak) July 29, 2022