ПЕЦАКОВ ДОБИ КРИВИЧНА – НАМЕСТО ВО ИЗОЛАЦИЈА БИЛ НА ПРОСЛАВА ЗА ВОДИЦИ

0
554

Полицијата поднесе кривична пријава за градоначалникот на Охрид, Кирил Пецков, кој наместо да биде во изолација поради Ковид бил на прослава на Водици. Кривична за истото дело добил и секретарот на општината Александар Китески.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, СВР Охрид до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против К.П.(37) и А.К.(37), двајцата од Охрид. Пријавените, на 19.01.2022 година се тестирале за дијагностицирање на Корона вирус и, наместо во самоизолација, согласно одлуките за превентивни препораки за заштита на здравјето на населението од заразната болест, истиот ден, присуствувале на јавната верска манифестација по повод верскиот празник „Богојавление- Водици 2022 година” одржана во Охрид, сопштија од МВР.

Пецаков претходно рече дека станува збор за провладината хајка и најави тужба за клевета и несовесно работење против ДСЗИ. Градоначалникот вели дека тој, исто како и Китески, прво добил позитивен,а потоа негативен резултат.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, обвинија дека генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ бил позитивен на празникот Водици и со симтоми, па учествувал на настаните тој ден.