ВЕНКО ФИЛИПЧЕ МУ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦА НА ЦРВЕН КРСТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИ 800 КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ И ОБЕЗБЕДЕНИ 55.000 ЕДИНИЦИ НА КРВ ЗА ВРЕМЕ ПАНДЕМИЈАТА

0
1219

Во изминатата година за време на пандемијата се реализираа 800 крводарителски акции и се обезбедија 55.000 единици на крв, тромбоцитна маса и она што беше важно и спаси многу животи – ковалесцентната плазма.

Благодарение на крводарителството во ниту еден момент не беа загрозени изведувањата на интервенциите.

Црвениот крст е еден од најсериозните партнери кои ги имаме во текон на менаџирањето на оваа криза, како во делот на крводарителството, така и во делот на волонтерските акции одржување на нашиот систем во ковид центрите.

Денешна благодарница која ја добив од нив ми е многу драга и е признание за добрата соработка и цврстото партнерство кое го негуваме.

Фејсбук статус на министерот за здравство, Венко Филипче.