МИЦКОСКИ : МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ИЗГУБИЛ ТЛОТО ПОД НОЗЕТЕ КАКО И ЦЕЛАТА ВЛАДА ДУИ – СДСМ, ПО МАРКЕТИТЕ ИМАМЕ ЕВРОПСКИ ЦЕНИ А СТАНДАРДОТ НИ Е ПОЛОШ И ОД НЕКОИ АФРИЧКИ ЗЕМЈИ

0
315

При денешната посета на општина Радовиш во рамките на активноста „Важно е! Од тебе зависат промените“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што министерот за економија вели дека храната поевтинува истакна дека министерот за економија или долго време не влегол во маркетите или не знае што се случува и со каква мака се соочуваат граѓаните, по маркетите имаме европски цени а стандардот е полош и од некои афрички земји.

„Министерот за економија или долго време не влегол во маркетите или не знае што се случува. Најлошо е кога политичарите го зборуваат она што не го чувствуваат граѓаните. За жал, тоа го прави и министерот за економија, можеби тој го изгубил тлото под нозете, како и впрочем цела влада на ДУИ и СДСМ, одамна заборавиле со какви маки се соочуваат граѓаните секојдневно, денес за жал во маркетите имаме храна која што има европски цени но за жал стандардот ни е, да ми простат, полош од aфричките држави. Така што добрата вест е ќе повторам што за неколку месеци од денес овие луѓе ќе бидат минато ќе дојдат луѓе кои што ќе се грижат за иднината на Македонија“, нагласи Мицкоски.