МИЦКОСКИ : КАНДИДАТ СО ПОРТФОЛИО, ИНТЕГРИТЕТ И СО ВИЗИОНЕРСТВО ЌЕ БИДЕ ИДНИОТ ПОБЕДНИЧКИ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ ОД ВМРО-ДПМНЕ

0
344

Човек со интегритет, личност која што си ја сака сопствената држава, личност која што е патриот, личност која што обединува, а не разединува. Личност која што има свое животно портфолио позади себе, не само дома туку и надвор, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на неговото гостување во емисијата „Интервју на Шења“ кое се емитува на ТВ Шења, говорејќи околу профилот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ кој би влегол во трка на претседателските избори.

„Ценам дека една таква личност би можела да понуди нешто коешто ќе биде поразлично од сето она коешто беше изминативе речиси 5 години, а коешто го нудеше Стево Пендаровски“, додаде Мицкоски.

Тој исто така, додаде дека како што стојат бројките во овој момент, не постои начин кандидатот кој што ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ да не биде претседател, освен ако власта свесно не ги бојкотира изборите и да не се исполни цензусот.

„ВМРО-ДПМНЕ излегува на избори, претпоставувам наскоро од денеска со име, со кандидат. Еве вчера донесовме одлука, на втори март ја имаме и конвенцијата  за избор на претседателски кандидат и ВМРО-ДПМНЕ влегува самоуверено заедно со коалицијата дека победува на тие претседателски избори. Ние не влегуваме дефанзивно. Ние влегуваме офанзивно и ние сме убедени во нашата победа“, потенцираше Мицкоски.