ТНТ: Осомничените за уривањето на „Космос“ на распит

0
1141

Во текот на денешниот ден осомничените во предметот „ТНТ“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство, треба да бидат сослушани пред судија на претходна постапка во врска со мерките за обезбедување на присуство, кои ги предлага СЈО.

Нивниот распит минатата недела беше одложен на барање на одбраната која побара дополнително време за увид во доказите.
Како што информираа од СЈО, за првоосомничената, службено лице овластен градежен инспектор во Секторот за инспекциски работи во Одделението за урбанистичко-градежна инспекција во Општина Гази Баба, и за уште три лица осомничени во предметот, службени лица членови на Комисијата за јавни набавки во Општина Гази Баба, побарани се мерките: привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган.