МИЦКОСКИ : ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА И РАБОТА НА ОРГАНИТЕ ВО ДРЖАВНАТА УПРАВА СЕ СО ЦЕЛ ДА ГО ИСПОЛНИМЕ ВЕТЕНОТО НА ИЗБОРИТЕ ЗА ШТО ДОБИВМЕ ОГРОМНА ПОДДРШКА

0
397

Пред изборите кои поминаа ветивме функционална и ефикасна влада која ќе спроведе реформи и ќе донесе подобар живот. Суштината на овој предлог е реформи во администрацијата, а со цел да ги решиме реалните проблеми на граѓаните со ефикасни политики со одлуки кои ќе донесат подобар животен стандард, повисоки плати, повисоки пензии, подобро образование, ефикасна социјална заштита, развиена економија и земјоделие.

За да го направиме ова ни треба добра организација на владата и затоа поднесувам предлог на Законот за измени на законот за организација и работа на органите во државната управа по скратена постапка, рече пратеникот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  кој даде образложение на измените на Законот за организација и работа на органите во државната управа кој во Собрание по скратена постапка.

Мицкоски на побара поддршката од сите пратеници.

„Ова го правам во име на огромната поддршка која ја добивме на изборите и во име на реформите кои мора да ги направиме. Се обврзавме да преземе активности со цел преиспитување и  рационализација на поставеноста на органите на државната управа со можност за спојување или укинување на одредени државни органи“, кажа Мицкоски.

Според него „на овој начин доаѓа до реорганизација на министерствата во самата влада, реорганизација во која дел министерства ќе бидат нови, а агенциите ќе бидат укинати, дел од министерствата прегрупирани односно ќе бидат пренесени надлежностите со цел да се одговори на потребите на граѓаните“.

Мицкоски објасни кои се клучните поенти или што содржи овој закон.

„Министерството за труд и социјална политика продолжува да работи како Министерство за социјална политика, демографија и млади. Или Агенцијата за млади и спорт се укинува, а работите од нејзината надлежност преминуваат во Министерството за спорт и во Министерството за социјална политика, демографија и млади“, рече Мицкоски.

Според него предложените измени на Законот се формира ново Министерство за енергетика или дел од надлежностите кои ги имаше досега Министерството за економија во делот на рударството и енергетиката ќе бидат дел од надлежностите на новото формирано министерство, а тоа е Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

Мицкоски информираше дека Министерството за култура продолжува да работи како Министерство за култура и туризам или туризмот кој беше одделение или сектор  во Министерство за економија се префрлува во Министерството за култура и туризам.

Се воведува и Министерство за дигитализација кое во суштина ќе ги наследи обврските што ги имаше досегашното Министерство за информатичка технологија и администрација.

„Ова министерство е многу важно за борба против корупцијата ќе се зголеми транспарентноста на работата на државните институции“, кажа Мицкоски кој укажа дека ќе имаме исто така и Министерството за администрација.

Министерството за економија и труд освен досегашниот дел на економија ги презема надлежностите од труд.

„Со ова работниците и работодавачите ќе го водат дијалогот заедно на едно место и целиот процес ќе биде олеснет“, рече Мицкоски.