ШОКАНТНА ИЗЈАВА НА МИЦКОСКИ, СЕ ПРЕМИСЛИ : ЕВРОПЕЈЦИТЕ НЕКА ЈА ТЕРААТ ЕВРОПСКАТА АГЕНДА, НИЕ ЌЕ ЈА ТЕРАМЕ НАШАТА, МАКЕДОНСКА АГЕНДА

0
1058

Европејците нека ја тераат европската агенда, а ние нашата македонска и ќе ги штитиме националните интереси –  е пораката од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски вели дека ставот на сите 44 пратеници од неговата партија е прецизен и јасен – уставни измени под бугарски диктат нема да има. Потсетувајќи се на гласањето во Собранието  за промена на името, тој вели дека осуммината кои гласаа „за“,  не биле изманипулирани, туку точно знаеле зошто гласаат така.

Ако мислите дека оние осуммина од пред 5 години биле изманипулирани, не е така, тие точно знаеле што прават имале личен бенефит и одлучија да  си ја продаваат кожаата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, оние 44, се јасни и прецизни.Вчера имавме координација.  Без никој ништо да каже вчера во просторијата каде се собравме, се знаеше  измени под бугарски диктат нема“, вели Мицкоски.

Околу можностите за манипулација и одолговлекување на гласањето на седницата, Мицкоски вели дека имаат стратегија доколку власта се впушти во такво сценарио.

Нема потреба да чекаме, уште утре нека закажат собраниска седница и да видиме дали имаат 80 пратеници или не. Ако не закажат тогаш е јасно дека немаат, ако немаат јас не гледам друга политика која оваа Влада би ја оправдала во нејзиното постоење и треба час поскоро да го распуштиме Парламентот и да одиме на парламентарни избори“, рече Мицкоски.

Претходно Мицкоски текстот на предлог иницијативата за уставни измени го оцени како тотално неразуменкој дополнително ги загрозува позициите на Македонија кон ЕУ.