МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ТЕКОВНО ИМ ДАВА ПОДДРШКА НА ФИРМИТЕ: ВО 2021 ГОДИНА ФИРМИТЕ ДОБИЈА ВКУПНО ПОВРАТ НА ДДВ 488 МИЛИОНИ ЕВРА

0
933

Државата во текот на 2021 година изврши поврат на ДДВ кон стопанството за 22,8% повеќе во однос на 2020 година и за 20,8% во споредба со 2019 година.

Министерството за финансии информираше дека на фирмите по основ на поврат на ДДВ во текот на 2021 година им вратиле вкупно 30 милијарди денари или 488 милиони евра, што е за 5,6 милијарди денари (91 милион евра) повеќе во споредба со претходната година.
И во текот на изминатата година е извршено пребивање на ДДВ во износ од 1,2 милијарди денари со други даноци.

“Ова е значајна поддршка за компаниите особено во време на криза предизвикана од Ковид-19, чие влијание сѐ уште се чувствуваше во економијата во 2021 година и на која ѝ беше потребна поддршката што беше спроведена и преку реализација на шесте пакети антикризни мерки” – рекоа од Министерството за финансии.