МИЦКОСКИ ЗА 360СТЕПЕНИ : КОМЕНТАРОТ НА О’БРАЈАН БЕШЕ НАВЕДУВАЧКИ, НОВИНАРОТ ОД АЛСАТ ИЗМАНИПУЛИРА!

0
394

Зошто кога беше прашан колку средби имал со Љупчо Палевски-Палчо и што разговарал на нив, избегна да одговори – е едно од прашањата до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Разговарале и за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе номинира кандидати за министри и заменик-министри во техничката влада што треба да ја предводи Талат Џафери, кој ќе биде претседателски кандидати, а кои – носители на пратеничките листи, каков изборен исход очекува, какви се постизборните опции… Мицкоски го прашуваме за коментар и на пораките на американскиот помошник-државен секретар за Европа, Џејмс О’Брајан, како и за ставањето на Кочо Анѓушев и Јордан Орце Камчев на „црната листа“ на САД.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ не прифаќа дека сега има повеќе демократија во земјава за разлика од 2016 та кога падна владата на партијата на чие чело е сега тој.
Емисијата се емитува од 20:50 часот на МРТ 1.