ЕВЕ КАКО ЗАЕВ ЌЕ ВЛАДЕЕ СО МАКЕДОНИЈА : Наместо надлежните, СДСМ им помага на жителите на Арачиново во чистењето на снегот

0
2083

Надлежните во Арачиново никако да ги расчистат улиците од снежните навеви. Жителите самоиницијативно се фатија за работа. Велат дека многу пати побарале општината да интервенира, но таа не се одзвала на повиците. Затоа, асистенција е побарана од СДСМ – партијата која освои најмногу гласови во оваа општина на декемвриските избори.

„Побаравме од Оливер Спасовски и од Зоран Заев, и тие ни ги донесоа овие булдожери кои вчера и следните две недели ќе бидат тука за да чистат. Каква општина? – Тука не функционира ниту општина, ниту кој било, ниту чистат, ниту фрлаат сол. Откаго гласавме за Заев не ни помагаат“.

„Во Арачиново ништо не се работи, а има 15.000 жители, се водеше војна ни ги расипаа куќите и сè друго и воопшто не ни помогнаа. Општината ништо не работи.

„Од вчера се дојдени булдожери, а ги прати СДСМ за да ни го исчистат патот. Власта остана глува и слепа за ова место, ние како да сме во Азија или Африка. Заслужуваме подобро, а не да бидеме осудени од власта“. – велат дел од жителите на Арачиново

Се обидовме да стапиме во контакт со првиот човек на Арачиново, Брахим Ајвази. Од општината не известија дека тој не е на работа. Признаа дека немаат капацитет да се справат со снегот.

„Претпријатието не функционира, немаме ниту камиони, ниту булдожери. Немаме средства. Овие делови од улиците не ги чистите ли? Не!“. – вели еден од работниците

На изборите на 11 декември, СДСМ во Арачиново победи со повеќе од 2 илјади гласови.

Извор: Алсат М