МИЦКОСКИ Е ИДЕОЛОШКИ ПОКЛОНИК НА ЛУЃЕ ОД ТРЕТИОТ РАЈХ, ОД СДСМ ВЕЛАТ ДЕКА ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ НЕ СМЕЕ ДА ЗБОРУВА ЗА ПАТРИОТИЗАМ

0
448

Од партијата потсетуваат дека ВМРО-ДПМНЕ во чест на Ванчо Михајлов изгради спомен куќа во Штип и постави восочна фигура во природна големина во музејот во Скопје. Христијн Мицкоски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ денеска е партија којашто е иделошки поклоник на луѓето кои што биле извршители на Третиот Рајх, реагираше СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во која тој вели дека партијата нема потреба да се огради од Ванчо Михајлов бидејќи е дел од нејзината историјата иако не се согласува со неговото делување.

„Мицкоски се потврди како докажан лицемер, додека јавно го осудуваше отворањето клубови со имиња на контрозверзни историски личности, тој јавно на национална телевизија кажа дека требало да се почитува тоа што Ванчо Михајлов е дел од континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во реакцијата.

Со тоа, додаваат од СДСМ,  Мицкоски го потврди она што одамна се знаеше, дека ВМРО-ДПМНЕ денеска е партија којашто е иделошки поклоник на луѓето кои што биле извршители на Третиот Рајх. Од партијата потсетуваат дека ВМРО-ДПМНЕ во чест на Ванчо Михајлов изгради спомен куќа во Штип и постави восочна фигура во природна големина во музејот во Скопје.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат никакво право да зборуваат за патриотизам и национални интереси, тие се заглавени во минатото и освен штета на националните интереси, освен поделби меѓу граѓаните ниту можат ниту сакаат нешто друго да понудат“, се додава во соопштението на СДСМ.