МИЦКОСКИ : ДАЛИ УПАДОТ НА ФУНКЦИОНЕР НА ДУИ ВО ИНСТИТУЦИЈА КОЈА ГО ЧУВА МАКЕДОНСКОТО НЕБО, Е ПРО-НАТО ИЛИ ПРО-ЕУ ВРЕДНОСТ?

0
201

„Дали претседателот на огранокот на ДУИ кој со седум свои истомисленици упадна во стратешки објект кој го чува небото на земја членка НАТО алијансата е про НАТО. На македонската политичка сцена има многу спротивности и многу работи кои се кажуваат а во пракса поинаку се случуваат.“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.

Претседателот посочи дека како држава сме определени со стратешки цели за НАТО и ЕУ.

„Ние како држава сме се определиле стратешки и имаме стратешка цели едната е НАТО другата е ЕУ. Но имаме и други елементи за кои треба ние да се бориме кои се поврзани со реализирање на овие стратешки цели а тоа е владеење на правото итн. Но за жал ние на отворена сцена гледаме дека добивме забелешки од претставници на меѓународна заедница и не само што не сме на висина на задачата туку и напротив сме очајни.“, заклучи Мицкоски.