(Видео) Димова: Се срамевме, Македонија во Брисел доби лекции за поделба на власта и за слобода на медиумите

0
1182

dimova-685x320

Претседателката на Комисијата за европски прашања на СДСМ, Лидија Димова вели дека Македонија во Брисел била ставена во понижувачка позиција одново да ги учи принципите на владеење на правото и демократија.

По враќањето од Европскиот парламент, каде македонска делегација присуствуваше на дебатата за политичка култура, Димова вели дека дописниците од Брисел известувале селективно за реакциите на европските пратеници поради што се поочувствувала како да била на различен семинар.

[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=_ZwMxpkVwlk[/youtube]

Што се однесува до партиските активности таа вели дека е задоволно од посетата и чувствува дека СДСМ ја има поддршката. Во своите обраќања за Македонија европратениците се задржале на поткопаната доверба во државните институции и апелирале за независност на правосудните органи.

Точно е тоа, вели Димова, дека дел од европратениците збрувале за важноста од учество на опозицијата во работата на Собранието, но известувачите, додава, испуштиле клучни моменти кои се од поголема важност.

– Беше кажано дека се битни правилата, дека правилата се тука да ја ограничуваат слободата на власта, а не на опозицијата. Кажаа дека изборниот процес мора да биде во рамките на демократските процеси, дека во една држава каде нема независност во судството не можете да зборувате за демократски избори. Сите овие работи нашите известувачи пропагандисти ги испуштија од бриселскиот престој, иако се иклучително битни – вели таа.

На прашањето какви пораки добиле претставниците на Владата, Димова вели дека понижување било да се слушаат лекциите во Брисел за поделба на власта и за слобода на медиумите.

– Да бидам искрена малку се срамевме. Да ве учат како е поделена власта на извршна, законодавна и судска, дека невладиниот сектор, граѓаското општество и медиумите, дека мора да бидат слободни, да ви кажат дека Уставниот суд мора да биде независен за да се постигне она кон кое сите се стремиме. Не вратија во азбуката, за мене тоа е срамота. Овие пораки беа главните, не вратија на базичното ниво – вели таа.

Што се однесува на тоа дека е замрзнат пристапниот дијалог на високо ниво, дека има опасноста Македонија да ја изгуби препораката за влез во ЕУ, а и можност да го изгуби кандидадскиот статус, Димова вели дека е возможно ЕУ да направи преседан. Како отежнителна околност е и тоа што ЕУ, вели, од минатата година воведе нова рамка за владеење на правото која може да ја примени на Македонија.

– Сега имаме инструмент според кој може веднаш да се повика Европската комисија и да го одземе кандидатскиот статус. Се надевам до тоа нема да дојде, затоа што би не вратило во деведесетите години, дури и одземање на препорака би било поразително и крајно штетно во државата. Но факт е дека во меѓувреме во Македонија нема реформи. Се што се случува е задолжување за да се исплатат месечни обврски, никој не се зафаќа во својот сектор да ги заврши работите поради тоа што државата ни е во длабока агонија – посочува таа.

Извор: A1on