МИЦКОСКИ : ГОДИНАТА КОЈА ИЗМИНУВА Е ГОДИНА СО КАТАСТРОФАЛНА ЕКОНОМИЈА, СО МНОГУ КОРУПЦИЈА, КРИМИНАЛ И ИНФЛАЦИЈА

0
443

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната посета во Волково, запрашан на новинарско прашање како ја оценува годината која што изминува потенцираше дека ова е година со катастрофална економија, со многу корупција, криминал и голема инфлација. -Катастрофална.

Имаме година со катастрофална економија, последни сме во регионот, со многу корупција, со многу криминал, со многу голема инфлација, најлошо се справуваме со сите кризи и тоа не го зборувам јас затоа што ете сега ние сме опозиција, туку ова го зборувам затоа што ценам дека тоа се факти кој што ги чувствува секој еден граѓанин и тоа впрочем може да го видите во мерењата на јавните мислења, рече Мицкоски.