МИТКО ЈАНЧЕВ СО БЛАГОДАРНОСТ ДО МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ДЕНЕШНИОТ МЕЧ ПОМЕЃУ ТИКВЕШ И ВАРДАР ВО КАВАДАРЦИ

0
605

По завршувањето на денешниот фудбалски натпревар помеѓу Тиквеш и Вардар во Кавадарци, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев преку Фејсбук упати јавна благодарност до полицијата на Оливер Спасовски.

„По завршувањето на денешниот фудбалски натпревар во Кавадарци сакам да упатам голема благодарност до Министерство за внатрешни работи и сите кои беа дел од натпреварот. Натпреварот беше натпревар на кој имаше висок ризик од било каков инцидент.

Во текот на вчерашниот ден и апелиравме токму за тоа. Но денес со посетеност од над 4500 гледачи и две навивачки групи, натпреварот помина без ниту еден инцидент. Благодарение на МВР и сите инволвирани сектори кои се задолжени за безбедноста на настани од овој тип“, напиша Јанчев.