Од денеска во Хрватска се легализира употребата на марихуана за медицински цели

0
1682

marihuana_1

Од денеска во Хрватска стапува во сила Правилниот на Министерството за здравство со кое се дозволува употребата на индиски коноп за медицински цели за заболените од мултиплекс склероза, карцином, епилепсија и СИДА.

Според правилникот, како што јави ФЕНА, заболените од споменатите болести од утре со лекарски рецепт ќе можат легално да ги набават лековите што содржат тетрахидроканабионол (ТХЦ), донабимол и набилон.

Рецепти за овие лекови ќе можат да препишуваат лекарите по општа пракса, педијатрите на деца на предучилишна возраст и гинеколозите, врз основа на препорака на специјалисти по неврологија, интернистичка онкологија, онкологија, радиотерапија, инфектологија и невропедијатрија.

Лековите што содржат ТХЦ ќе можат да се издават за лекување до најмногу 30 дена, при што вкупното количество на тетрахидроканабионолит во нив не смее да биде поголемо од 0,75 грама.