АХМЕТИ ПОТПИША СО СКЕНДЕР РЕЏЕПИ, СЕ ПРЕГОВАРА СО СЕЛА, МЕНДУХ ТАЧИ….

0
151

Демократската унија за интеграција и Народното движење се првите две партии кои поптишаа за тоа што ДУИ го нарекува Европски форнт. Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, вели дека ваквото обединување на албанските политички партии е неопходно поради заканите кои доаѓаат кон нашата земја но и пошироко. Според Ахмети, другите партии, алудирајќи на партиите од опозицискиот фронт, немаат капацитет да се соочат со вакви предизвици.

„Зошто овој фронт мораше да биде изграден во 2024 година? Зошто јас и Скендер Реџепи да одлучуваме за парцијалното, генералното. Затоа што сега времето го бара  ова обединување, овој сојуз на Албанците во РСМ токму сега. Немаме ништо против политичките партии, нека се живи и здрави, но немаат капацитет да се соочат со сите овие случувања кај нас, околу нас и подалеку од нас“, порача Али Ахмети.За Скендер Реџепи од Народното движење, овој фронт ќе биде добар знак за сите Албанци во Македонија. Според него, овој фронт ќе биде носител на промени и подобрување на животниот стандард.

„Денеска за нас ова е историски ден. Денеска се отвора ново поглавје, поглавје наречено Европски фронт кое долго ќе се памети во нашата историја бидејќи овој европски фронт ќе биде носител на промени, на подобрување на нашиот живот и животниот стандард. Овој европски фронт ќе биде добар знак затоа што ние, нашето општество воопшто без етнички разлики ќе бидеме на добар пат“, вели Скендер Реџепи.

Но, дали Европскиот фронт ќе се прошири со други партии, вклучувајќи ја и Алијансата за Албанците на чело со Зијадин Села? Ахмети вели дека веќе подолго време се почнати разговори за соработка со другите партии.„Веќе некое време разговараме со други партии. Разговараме со сите. Дури и со Алијанса, со г. Тачи, со г. Аријанит Хоџа и со турските, босанските, ромските партии да се приклучат на овој фронт“, вели Али Ахмети.Инаку, Алијанса за Албанците никогаш не тврдеше дека водат разговори со ДУИ за коалиција, а нивниот став беше дека самите ќе се натпреваруваат на избори. За Арбен Таравари одењето на заеднички листи меѓу ДУИ и АА, како што рече, е нешто што не може да го замисли.