ФАЛА БОГУ ВМРО ДПМНЕ ДА ПРИФАТИ НЕШТО ДОБРО ЗА ДРЖАВАТА – Арсовски: Отворените листи и една изборна единица преставува солидна основа за разговори за промена на Изборниот законик, локалните избори да се оддржат во еден изборен круг

0
768

Во однос на предлозите на Маричиќ за една изборна единица и отворени листи треба и официјално да соопштат дали тоа е нивниот конечен став со оглед на тоа што во минатото повеќе работи беа договорени во таа насока, па потоа се предомислија и го променија мислењето. Таквата тргни – застани политика говори за нивниот пазарџиски менталитет.

Воедно сметаме дека отворените листи и една изборна единица преставува солидна основа за разговори за промена на Изборниот законик како и нашиот предлог локалните избори да се оддржат во еден изборен круг со цел да се заштедат пари на граѓаните во период на тешка економска криза и да се заштеди време во кое ќе се спроведе изборниот процес. Исто така, бараме, еднаш засекогаш да се регулира гласањето на дијаспората.