МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ ВО ОТВОРЕНА ДОНАТОРСКА ПРОГРАМА НА КАНАЛ 5 : УБЕДЕН СУМ ДЕКА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ СЕ ОБЕДИНИ ЗА ТУРЦИЈА И СИРИЈА

0
337

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествуваше во отворена донаторска програма на Канал 5 телевизија на пулт за телефонски разговор со граѓаните на Република Северна Македонија, со цел да се мотивираат граѓаните да донираат финансиски средства за настраданите подрачја во Турција и Сирија.
„Сакам да оддадам признание за иницијативата која ја направивте како медиум, за ние како граѓани и држава помогнеме на граѓаните на Турција и Сирија. Ова се многу тешки моменти за една држава и народ,

Северна Македонија знае како да се вклучи во овие тешки моменти заради тоа што делиме иста судбина, знаме што значи солидарност и во овие моменти покажуваме дека не сме заборавиле на солидарноста на светот кон Северна Македонија”, рече министерот Спасовски истакнувајќи дека државата реагираше навремено.

„Реагиравме брзо, испративме тимови од институциите, стоиме на располагање и понатаму да вклучиме уште луѓе во тимовите, а се пријавуваат доброволци во сите институции. Најважно е врз основа на потребите кои ги имаат турскиот и сирискиот народ да одговориме и помогнеме колку можеме”, истакна министерот Спасовски.

Во однос на прашањето што е најпотребно во овој момент, министерот Спасовски одговори:

„Со оглед на тоа дека е регион повеќе од 15 милиони луѓе погодени, срушени згради, јавни објекти, говори за фактот дека пред се потребни се многу луѓе кои треба да учествуваат во спасувачките екипи, потребна е механизација, потребни се средства за хигиена, во овие зимски денови и студот не е сојузник на целата ситуација, од една страна имате луѓе кои преживеале во несреќиве и мора да бидат згрижени. Сепак, сметам дека финансиските средства можат најмногу да помогнат, тие можат да се употребат точно за намената која ја имаат како потреба во овој момент, но не е за потценување и хуманоста на македонските граѓани преку разни хуманитарни акции за собирање храна, средства за хигиена, облека, ќебиња, средства за затоплување, многу аспекти, заради тоа што во овој момент нема што не е потребно, најважна е поддршката на турскиот народ и мислам дека граѓаните на Северна Македонија покажаа како е да се сочувствува со трагедијата на еден народ”, рече министерот Спасовски.

Министерот Спасовски истакна дека најважно е што помошта е испратена навреме.
„Вие знаете дека Република Северна Македонија во континуитет добива поддршка во најтешките моменти од Република Турција, односите на нашите граѓани со турскиот народ се посебни, тоа создава еден вид морална обврска да бидеме тука за сите потреби кои ги имаат. Можеби помошта е мала која може државата да ја даде, но е исклучително голема ако се гледа во кој момент тоа се прави.

Секако дека многу ќе биде важно да се помогне и на сирискиот народ, не само заради земјотресот, сирискиот народ е во страдање неколку години и од војната, и најважно од се е што токму ние Македонците, македонските граѓани ја покажуваме нашата човечност во овие моменти”, рече министерот Спасовски.