ГРКОВСКА ЗА ,,ДЕТЕКТОР” : ПРАВОСУДНИОТ СИСТЕМ ИМА ЗАГАРАНТИРАНА НЕЗАВИСНОСТ, СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ ДА НОСАТ НЕЗАВИСНИ ОДГОВОРНИ ОДЛУКИ

0
333

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро валдеење, Славица Грковска, во денешното гостување во емисијата „Детектор“ нагласи дека Владата е сериозно посветена на справување со корупцијата.„Граѓаните очекуваат правда и очекуваат да видат дека системот функционира подеднакво за сите, дека правдата нема двојни стандарди, туку дека владеењето на правото и законите важат подеднакво за сите. Корупцијата е реален проблем, од начинот на кој се справуваме со неа зависи економскот просперитет на нашата држава и затоа мора сите заедно, Владата, правосудниот систем, законодавната власт, граѓаните, медиумите, граѓанскиот сектор да го решаваме.

Во повеќе наврати сум кажала дека овој проблем не може да го реши никој самостојно, треба сите заедно, координирано и со системски пристап.
Само на тој начин ќе имаме вистински успех”,нагласи Грковска.
Таа нагласи дека кога се анализираат мерењата на корупцијата мора да се има предвид фактот дека денеска отворено се зборува за корупцијата и додаде дека Северна Македонија оваа година, на индексот на корупција, забележува подобрување две позиции во однос на минатата година, што не е доволно, но факт е дека има одреден напредок.

Вицепремирката Грковска ја коментираше спроведената анкета од страна на Институтот за политички истражувања од Скопје, во делот на перцепцијата на состојбите со корупцијата, која покажува дека 57,1 процент од испитаниците сметаат дека во правосудниот систем има многу корупција.