МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО БЕКИМ САЛИ : НА ДЕБАРСКАТА БОЛНИЦА И Е ПОТРЕБЕН КАДАР И ОПРЕМА

0
424

Министерот за здраство Белим Сали при посетата на Дебарската болница изјави дека и се потребни инвестиции за опрема но и спацијализиран кадар . Сали на средбата со новата директорка на болницата во Дебар др.

Севдие Коџа беше информиран за севкупната кадровска состојба во оваа институција , по заминувањето во пензија неколку лекари специјалисти . Министерот информираше дека актуелниот кадар во Дебар дава се од себе за да биде на услуга на граѓаните и нивните потреби. ,, Болницата во Дебар веќе подолго време се соочува со недостиг на инвестиции, како во кадровско планирање, така и во професионална опрема,, нагласува Сали на својот ФБ профил . Тој додава дека во разговорот со пациентите, лекарите и персоналот на оваа болница, констатиравме дека на болницата во Дебар и се потребни инвестиции во опрема и кадар за да се обезбедат најквалитетни здравствени услуги. Мојата следна посета на оваа болница ќе биде посета на пуштање во употреба на нова опрема, вели министерот за здраство .

Инаку деновиве од дебарската болница која се грижи за здравјето на населението од општините Дебар , Центарв Жупа и дел од општина Дебар во пензија заминаа двајца познати специјалисти , со што се зголеми потребата од професионален кадара, бидејки и претходно во болницата недлостигаше лекарски кадар .