КУРТОН ИМПЕРИЈАТА на режимското милениче Орце Камчев се распаѓа : Новинари од „Утрински весник“: Ни дадоа опција да се намали бројот на вработени или да се затвори весникот!

0
1350

На новинарите и вработените на печатениот дневен весник „Утрински весник“ денеска им биле понудени две опции – да си одат повеќе луѓе од весникот, односно да се намали бројот на вработени, или целосно да се затвори весникот, пренесува Радио МОФ.

Ова неофицијално го потврдиле новинари кои со години работат во ова печатено гласило на компанијата „Медиа принт Македонија“ (МПМ). Новинарите велат дека се понудени  невозможни опции, бидејќи тврдат и онака има премалку вработени во однос на работата која ја извршуваат, па практично се оставени без избор.