МИЛЕ ЗЕЧЕВИЌ ВАРДАРСКИ ВО ДИСКУСИЈА СО МЛАДИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ, УЧЕСНИЦИ НА ЛЕТНИОТ КАМП НА СДММ : ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ Е КЛУЧ ЗА ПОДОБРА ИДНИНА И ОТВОРА ВРАТА НА БЕЗБРОЈ МОЖНОСТИ НА МЛАДИТЕ

0
780

Членството во ЕУ е клуч за подобра иднина и отвора врата на безброј можности за младите. Тоа е нашата голема идеја, суштината на нашата посветеност, саможртва и го правиме токму за вас, младите, порача денеска генералниот секретар на #СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски во дискусија со младите социјалдемократи, учесници на Летниот камп на СДММ.

💬Од една страна да ви оставиме решени проблеми, чист терен, чист пат. Никој да не може да ве негира повеќе, вас, вашиот идентитет, посебност, култура, тоа прашање еднаш за на век да го затвориме и да бидете посветени на вашата иднина. Тоа е суштината на нашата посветеност, саможртва па би рекол и визионерство за европскиот проект. Од друга страна да ги имате истите можности, придобивки, ресурси како што го имаат вашите врсници во Европа.