МЗ : НАОДОТ КАЈ ПАЦИЕНТОТ ЗА КОЈ ПОСТОЕШЕ СОМНЕЖ Е НЕГАТИВЕН НА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ

0
383

Министерство за здравство, Институт за јавно здравје. Фото: Мета.мк
Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека испитувањето во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на брисот земен од пациентот од Кичево, за којшто имаше сомневање дека е заразен со мајмунски сипаници, покажало негативен резултат.

„Потсетуваме дека Институтот располага со доволно количество тестови за детекција на мајмунски сипаници, а тестирањето се врши по индикација утврдена од специјалист инфектолог. Во соработка со Комисијата за заразни болести и Светската здравствена организација внимателно се следи состојбата со мајмунски сипаници во светски рамки“, соопштува МЗ.