ГЛУВЦИТЕ НА РЕЖИМОТ ГО НАПУШТААТ БРОДОТ ШТО ТОНИ : Синиша Спасов поднесе оставка од директорската функција во МЕПСО

0
2188
И официјално Синиша Спасов поднесе оставка од директорската функција во МЕПСО.
Сега со МЕПСО, како што и претходно објави 24 Вести, раководи заменикот генерален директор Ненад Јовановски.
Од електропреносниот оператор за смените не коментираат, но неофицијално дознаваме дека надзорниот одбор нема именувано нов генерален директор.
За две недели, ова е втора смена во клучните енергетски компании. Претходно и државните електрани на Македонија добија нов директор Христијан Мицковски кој е и советник во кабинетот на премиерот.
Ни претходникот во ЕЛЕМ Дејан Бошковски, ни Синиша Спасов од МЕПСО не се кандидираа за втор мандат.