КУЧИЊА, МАЧИЊА И ДРУГИ МИЛЕНИЦИ ОД УТРЕ НАДВОР ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ МОЧААТ ОД 8 НАУТРО ДО 8 И 30, ПОПЛАДНЕ ОД 15 ДО 15 И 30, НАВЕЧЕР ОД 20 ДО 20 И 30 ЧАСОТ

0
826

Во сабота и недела дозволено им е да ги изнесат трипати во денот – наутро од 8 до 8.30 часот, попладне од 15 до 15.30 и навечер од 20 до 20.30 часот.

Сопствениците на кучиња кои ги чуваат како домашни миленичиња во станови, ќе може да ги изнесуваат надвор во одредени термини во денот за време на забраната и посебниот режим на движење што ќе се применува од среда, 8 април.

Според одлуката на владата од денешната седница,  на целата територија на државата, своите миленичиња од понеделник до петок сопствениците ќе може да ги изнесуваат од домовите 30 минути навечер, од 20 до 20.30 часот.

Во сабота и недела дозволено им е да ги изнесат трипати во денот – наутро од 8 до 8.30 часот, попладне од 15 до 15.30 и навечер од 20 до 20.30 часот.

Притоа треба да бидат оддалечени најмногу 100 метри од објектот во кој живеат и  да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат.

Согласно новите мерки за ограничување на движењето, од задутре, 8 април 2020,  полицискиот час во целата држава ќе почнува од 16 до 5 часот во работни денови, а во сабота и недела ќе биде целодневен, односно ќе почне во петок во 16 часот и ќе заврши во понеделник во 5 наутро.