МЗ во понеделник ќе го потпише договорот за набавка на 200.000 вакцини за Ковид-19 од Кина

0
751

– Во понеделник ќе се потпише договорот за набавка на 200.000 вакцини за Ковид-19 од Кина, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче посочи дека во текот на вчерашниот ден Владата на затворена седница го усвоила Договорот за набаква на вакцини од Кина и го задолжила Министерството за здравство.

–  Ние ќе го потпишеме во понеделник, после што се надевам дека за најкраток можен временски рок тие ќе стигнат во земјава. Ние интензивно работиме и на обезбедување на соодветен начин на транспорт.
Тоа значи дека станува збор за 200.000 вакцини, како што веќе најавивме, рече Филипче.

Министерот истакна дека во текот на изминатите денови е адаптиран и националниот план за имунизација.