МЕЏИТИ : СИЦИЛИЈАНСКИОТ КЛАН НА ДУИ ГИ ПРЕДАВА ИГРИТЕ НА СРЕЌА НА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ

0
308

-Итно бараме од сицилијанскиот клан да тргне рака од масакрирање на нашето население. Итно бараме, не само 500 метри, туку целосно да се отстранат и не само обложувалниците, туку и казиното. Покрај проектот „Казина во секоја уличка“, Артан сега успешно го спроведува проектот казина во секоја куќа давајќи 4 лиценци за online казина на компании каде партнер е Прпарим Бајрами, сега добро позната личност која ги извршува наредбите на кланот.

Во продолжение ви ги давам податоците за овие 4 новоосновани компании за Казино каде јасно се гледа партнерството. Во секоја од овие 4 компании партнер е марионетата на Артан Груби. Една од овие компании е основана заедно со Казината MOZZART – од Белград. Додека другите 3 компании исто така се со претставници на Бугарското и Црногорското подземје.

Новооснованите компании од марионетата на Артан Груб со подземјето, обвини Изет Меџити од коалицијата „Вреди“.Пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми ја демантира опозициската коалиција Вреди која денеска на прес-конференција во законодавниот дом ја обвини власта дека предлог-законот за игрите на среќа во членот 10 предвидува отстранување на објектите на обложувалниците, но не и на казината. Адеми вели интенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и на албанската опозиција е да не се донесе овој закон, за како што рече, да продолжи монополот на фирма која е основана на криминален начин пред неколку години.

-Некој упорно сака да го штити тој монопол, а зошто сака да го штити тој монопол, треба да истражите и тие треба да одговараат пред јавноста. Зошто да нема либеризација на пазарот, прашувам? Зошто уште треба да вложуваме напори за да го штитиме монополот на одредена фирма која е основана на криминален начин, рече Адеми