ГОСТИВАРЕЦ ВРАБОТЕН ВО ОПШТИНСКО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПОЗАЈМИЛ АГРЕГАТ ЗА ДА ЗАВРШИ РАБОТА И НЕ ГО ВРАТИЛ

0
415

Вработен во гостиварскиот стационар за улични кучиња од свој познаник зел агрегат за да заврши работи во стационарот, но потоа никогаш не ја вратил позајмената машина, соопшти полицијата.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.Ј.(43) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување”. На 12.10.2022, пријавениот – вработен во стационар за третирање на улични кучиња во Гостивар, од друго лице зел на користење агрегат со цел да изврши работи во стационарот, но по завршување на работите пријавениот не постапил по договорот и одбивал да го врати агрегатот“, велат од МВР.