Милевски: Договорот од Пржино мора да опстане и по изборите

0
938

Трибина-Гевгелија-Македонија-после-Груевизмот-Либерални-решенија-1-640x320

„Медиумите и оставката на Груевски се последните битки кои опозицијата заедно со граѓаните треба да ги издвојат што е можно поскоро, за да се врати демократијата во државата и да се организираат веродостојни избори“, рече лидерот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски, на синоќешната трибина во Гевгелија, со која се заокружува серијалот „Македонија после Груевизмот-Либерални решенија“.

Груевски тоне во жив песок, додаде Милевски, колку повеќе се обидува да мрда, толку повеќе пропаѓа во сопственото мочуриште.

Трибина-Гевгелија-Македонија-после-Груевизмот-Либерални-решенија-2

„По оставката на Груевски веќе нема да биде исто и конечно ќе се стави крај на манипулаците во медиумите и изборната сфера. Договорот од Пржино нема и не смее да биде привремено решение за оваа држава. Се’ што ќе се имплементира мора да опстане и по изборите. Мора да се обезбедат фер избори, да се регулираат медиумите, законот за медиуми, глобите за медиумите“, рече претседателот на ЛДП, Горан Милевски, синоќа пред гевгеличани.

Според Милевски, опозицијата е свесна дека за заживување на Договорот од Пржино потребна е промена и на свеста на македонскиот гласач, оттаму најави тешка и подолготрајна битка со „Груевизмот“, како социолошки феномен.

На трибината во Гевгелија за човековите права, правосудството, здравството и екологијата, зборуваа и Никица Корубин, Драган Малиновски, Никола Пановски и Зоран Шапуриќ.